Тепачка на две групи во Куманово

Две групи кумановци вчера физички се пресметувале во Центарот за социјални работи, соопшти денеска полицијата. Вчера во 11:18 часот во СВР Куманово, триесет и петгодишната Ј.И. од Куманово пријавила дека во Центар за социјални работи во Куманово била физички нападната од дваесет и двегодишната Л.А. 

„Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека во Центарот за социјални работи настанала физичка пресметка помеѓу Ј.И., М.И.(39) и В.И.(18), од една страна и Л.А.(22) и К.А.(51), од друга страна, сите од Куманово. На лицата им бил изготвен извештај за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир“, соопшти СВР Куманово.

Надлежните од Центарот за социјални работи Куманово информираат дека тепачката се случила надвор од просториите на установата. 

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе