Тепачка на две групи малолетници, по расправија на социјалните мрежи договориле место да се пресметаат

Вчера околу 10 часот во полицијата било пријавено дека на ул. „Коста Абрашевиќ" дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка помеѓу две групи малолетници.

Од една страна биле 11 малолетници на возраст од 13 до 15 години, девет биле ученици од основното училиште „Лирија“, а двајца од средното училиште „Арсение Јовков“, а од друга страна биле 17 малолетници, исто така, на возраст од 13 до 15 години , сите ученици од основното училиште „7 март“.

Во тепачката двете групи си размениле удари со тупаници и клоци, а потоа фрлале со камења едни кон други, од што било оштетено едно приватно возило венто, со скопски регистарски ознаки.

До нарушувањето дошло поради меѓусебно нетрпение и расправија на двете групи на социјалните мрежи. Тие се сретнале на местото по претходен договор, соопштија од МВР.

Полицијата презема мерки за  целосно расчистување на настанот.

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе

Mоменталната правна поставеност на урбанистичкото планирање не обезбедува соодветна судска заштита на граѓаните.

повеќе