Тепачи од Љубин претепале едно лице, побегнале и предизвикале сообраќајка

Вчера околу 15 часот во Скопје на булевар „8 Септември", во близина на крстосницата со булеварот „Илинден", С.С. (19) од Скопје, управувал патничко возило „пежо" со скопски регистарски ознаки и бил пресретнат од возило „даеву рејсер" исто така со скопски регистарски ознаки. Од возилото „даеву" излегле И.С. (19), Ш.С. (27) и М.С. (21), сите од село Љубин, кои најверојатно поради нерасчистени должничко доверителни односи физички го нападнале С.С., му го одзеле возилото и избегале.

С.С. по укажаната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување.

Двајца од напаѓачите, бегајќи со возилото „даеву“, управувано од Ш.С., движејќи се со голема брзина во село Сарај на улица „1724“, удриле во патничко моторно возило „волксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки. М.С., сопатник во возилото ,,даеву рејсер“ и возачот добиле повреди. На неколку метри од местото на незгодата патничко моторно возило „пежо“ управувано од третиот напаѓач И.С. (19) удрило во бетонски ѕид .

Полицајци од ПО-Сарај ги привеле И.С., Ш.С. и М.С. и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, соопшти МВР.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе