Тело во фаза на распаѓање најдено во Вардар кај Велес, се утврдува идентитетот

Во близина на мостот „Гемиџии", во реката Вардар денеска околу пладне било најдено бесживотно тело за што било пријавено во СВР Велес, кои со асистенција на пожарникарите од ТППЕ Велес го извадиле од реката. Еден од пожарникарите кој учествувал во неговото извлекување информира дека телото било во поодмината фаза на распаѓање.

По наредба на Основен јавен обвинител кој бил на увид на настанот телото бил предаден на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје, информира за МИА, Верољуб Додевски портпаролот на СВР Велес.

Поради тоа што не се знае идентитетот на трупот, се продолжува со оперативните активности за утврдување на идентитетот на лицето, појасни Додевски.

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе