Кумановец заврши во притвор

Татко снимал и објавувал видеа како врши полови дејствија врз малолетната ќерка

Триесет и деветгодишен кумановец заврши во притвор поради сомнение дека извршил полов напад врз дете кое не наполнило 14 години, како и производство и дистрибуција на детска порнографија. Според Обвинителството, тој во својот дом во Куманово неколку пати извршил полови дејствија врз неговата малолетна ќерка, ја снимал со мобилен телефон, а видеата ги направил достапни на социјалните мрежи.

„Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 39-годишен кумановец, поради постоење на основано сомнение дека ги сторил кривичните дела – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 во врска со член 45 став 1 и Производство и дистрибуција на детска порнографија од член 193-а став 3 во врска со став 1 во врска со став 45 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот во својот дом во Куманово, во повеќе наврати во временскиот период од мај до јуни 2021 година, извршил друго полово дејствие врз дете , негова ќерка. Притоа ги снимал дејствијата со мобилен телефон, ги дистрибуирал направените видеа преку социјална мрежа и ги направил достапни на повеќе лица", соопштуваат од Обвинителството.

Во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, а поради опасност од бегство и повторување на кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Куманово достави Предлог за определување на мерката притвор за осомниченот.

Предлогот на обвинителството е прифатен и со Решение на Судот на осомниченото лице му е определен притвор во траење од 30 дена.

 

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе