Татко и син под истрага за работилницата за оружје и муниција во скопска Топаана

Основното јавно обвинителство-Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица, татко и син, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ од член 396 од Кривичниот законик. 

При претрес во домот на двајцата осомничени, на улица „Методија Митревски“ во Скопје, беа пронајдени поголемо количество оружје, различна муниција и делови за оружје во импровизирана работилница.

Службата за односи со јавноста при Јавното обвинителство денеска соопшти дека претрес бил извршен и во викенд куќа на семејството во селото Раштак, каде било пронајдено дополнително количество оружје и муниција.

„За осомничените на возраст од 73 и 46 години, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, бидејќи постои опасност тие да се дадат во бегство или да го повторат делото“, се наведува во соопштението.

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе