Било пукано одблиску

Татко и 8-годишен син застрелани во автомобил во Куманово

Татко и неговиот осумгодишен син се најдени мртви во автомобил во близина на селото Слупчане, Кумановско. Според првичните информации од Основното јавно обвинителство во Куманово, телата на таткото и синот се најдени во возило кон кое било пукано од близина.

Според МВР, полицајци од одделението во Матејче синоќа околу 22.40 часот пронашле патничко возило опел астра со скопски регистарски ознаки, во кое биле две лица без знаци на живот.

Од Основното јавно обвинителство Куманово велат дека е извршен увид во близина на местото каде што било најдено возилото, кон кое биле истрелани повеќе куршуми.

На увидот било констатирано дека од близина е пукано во патничкото моторно возило во кое се наоѓале две лица, возач и неговото осумгодишно дете. Двете лица биле смртно повредени и починале веднаш.

„По насока на надлежен јавен обвинител, увидната екипа на Министерството за внатрешни работи ги обезбеди и подигна трагите од лице место и истите ќе бидат предмет на натамошно вештачење. Пронајдени се и подигнати поголем број испукани чаури, преку чие вештачење се очекува да се утврдат битни факти во предметот. Ќе биде извршено вештачење и на возилото, на кое се видливи повеќе траги од напад со огнено оружје“, се вели во соопштението на ОЈО Куманово.

Телата на починатите се предадени на обдукција.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе