СВР Тетово апелира до граѓаните да не пишуваат графити на јавните објекти

Секторот за внатрешни работи Тетово упати апел до граѓаните да се воздржат од пишување графити и оштетување на јавните објекти, како и на културните и историските споменици, зашто на тој начин не само што причинуваат одредена материјална штета, туку можат да предизвикаат и други несакани појави. Од таму утврдиле дека деновиве во тетовското подрачје се пријавуваат испишани графити на различни објекти, најчесто со политички, меѓуетнички и други пораки, односно содржина.

Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш потсетува, односно укажува дека пишувањето графити и особено графити со вулгарна и навредлива содржина на јавни места и објекти е спротивно и на Законот за јавна чистота, како и самоволното лепење или кинење на плакати, појави кои, повеќе или помалку, и натаму се присутни на ова подрачје. Покрај тоа, зависно од видот и обемот на оштетување или споменичното скрнавење, тоа претставува и прекршок против јавниот ред и мир, за кој е предвидена глоба од 1500 до 2000 евра во денарска противвредност, потенцираат од СВР Тетово.

Доколку графитите, односно пораките предизвикуваат национална, расна или верска омраза и поттикнуваат раздор и нетрпеливост, нивните пишувачи ќе се соочат и со кривична одговорност (член 319 од Кривичниот законик).

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе