Во штипско

Свекор се обидел да ја силува снаата

Дваесет и седум годишна жена синоќа во штипската полиција пријавила дека нејзиниот свекор се обидел да ја обљуби. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова во соопштение наведува дека жената случајот го пријавила синоќа во 20.15 часот.

„Жената пријавила дека околу 17.30 часот во семејниот дом, нејзиниот свекор Ѓ.М.(56) од штипското село Лакавица, со употреба на физичка сила и закани по нејзиниот живот се обидел да изврши обљуба над неа, но таа успеала да побегне“, се вели во соопштението.

Свекорот  Ѓ.М. е лишен од слобода и по комплетирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе