„Полициски службеници од СВР Струмица вчера, по претходна пријава, извршиле контрола во с.Банско, струмичко, при што било констатирано дека Д.И.(57) и А.И.(54) од с.Банско организирале свадбена веселба на нивниот син Е.И.(26), на која присуствувале околу 300 гости, со што постапиле спротивно на член 206 од Кривичниот законик“, информира МВР.
Свадбата била прекината, а по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
За настанот бил известен Јавен обвинител.