Министерство за внатрешни работи

Сузбиена криминална група за продажба на дрога во Прилеп - приведени шест лица

Mинистерството за внатрешни работи денеска информира за полициската акција во Прилеп во која од слобода досега се лишени шест лица. Портпаролот на МВР Тони Ангеловски изјави дека во текот на вчерашниот ден биле извршени претреси на 16 локации во Прилеп, покрај уапсените лица, одземени се три возила, пари за кои постојат докази дека потекнуваат од продажба на дрога, марихуана, кокаин,мобилни телефони и други предмети. Се истражува поврзаност на полицајци со  групата.

„Во текот на истрагата се обезбедени докази за криминалната група при што лишени се од слобода 16 лица, а во текот на вчерашниот ден извршени се претреси на 16 локации, а лишени се од слобода шест лица и одземени три возила, пари за кои постојат докази дека потекнуваат од продажба на дрога, марихуана, кокаин ,мобилни телефони и други предмети: П.А. (31), од кого се одзмени и возило „бмв5", пари и мобилни телефони, Д.А. (32) од кого се одземени џип, пари и мобилен телефон, Ј.Џ. (41), В.Ј.(32), од кого е одземена дрога и мобилен телефон, Д.А. (35), од кого се одземени возило „бмв", пари и мобилен телефон и Р.М. (34)", соопшти Ангеловски.

Истрагата продолжува со цел утврдување на кривична одговорност и на полициските службеници, како и кон другите лица за кои постојат основи на сомневање дека се инволвирани во трговија со дрога.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе