Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното обвинителство против полициските службеници Е.Ш. и З.Р. ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „примање поткуп" по член 357 од КЗ на РСМ, а ќе биде покрената и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.
Полициските службеници до завршување на дисциплинската постапка се отстранети од работното место согласно одредбите од Колективниот договор на Министерството.