Судир на трактор и автомобил, еден тешко повреден

Вчера во 18.20 часот на магистралниот пат Крива Паланка-Куманово на место викано „Љубински ливади" во атар на село Гиновци, се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор ИМТ 539, без регистарски ознаки, управуван од С.В.(36) од село Радибуш и автомобил БМВ, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.Р.(39) од кривопаланечкото село Псача.

Во незгодата возачот на тракторот С.В. и сопатникот Г.Ѓ.(45) од кривопаланечкото село Конопница се пренесени во Здравствен дом Крива Паланка,  од каде Г.Ѓ. поради сериозноста на повредите е префрлен во Комплекс клиники "Мајка Тереза" Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе