Судир на две возила кај Радуша, тројца повредени

Три лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случила вчера попладне на патот меѓу селата Радуша и Долно Свиларе.  

Вчера попладне во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Радуша – с.Долно Свиларе, скопско се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „ауди А4” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(40) и патничко моторно возило „фолксваген голф’” со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ш.(38) и двајцата од с.Радуша,скопско. А.С., Ј.Ш. и неговиот сопатник- малолетник од с.Радуша се здобиле со повреди и им била укажана помош во комплексот клиники „Мајка Тереза’”.

На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Скопје.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе