Судир на 5 возила на патот Струмица-Радовиш

Вчера во 18.50 часот на магистралниот пат Струмица-Радовиш се случила сообраќајна незгода во која учествувале пет возила.

Во сообраќајната незгода учествувале автомобил БМВ, со скопски регистарски ознаки управуван од Т.Г.(48) од Скопје, товарно моторно возило ивеко, со струмички ознаки, сопственост на ДООЕЛ "Жикол" од Струмица управувано од В.В.(54) од струмичкото село Сушево, во кое како сопатници биле пет лица, потоа автомобил  форд фокус, со гевгелиски ознаки управуван од Н.М.(23) од Богданци во кое имало еден сопатник, автомобил фиат пунто, со гевгелиски ознаки управуван од В.Ј.(53) од дојранското село Фурка, во кое имало еден сопатник и автомобил  пежо со струмички ознаки управуван од М.М.(32) од Струмица.

Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „БМВ“ Т.Г., кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Медицински центар Струмица каде бил задржан на понатамошно лекување. Исто така, во незгодата, со телесни повреди се здобила и сопатничката во возилото „Форд Фокус“ Е.П.(21) од Богданци.

Извршен е увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на настанот.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе