Судир меѓу скопски „пасат“ и полициска „шкода јети“, тешко повреден малолетник

Четири лица, меѓу кои и еден малолетник се повредени во сообраќајка што се случила ноќеска околу полноќ Скопје на крстосница од бул.„Гоце Делчев“ и бул.„Филип Втори Македонски“ се помеѓу патничко возило „пасат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Р.(26) од Скопје и патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР.

По несреќата сите учесници се пренесени во ГОБ „Св.Наум Охридски“, каде што кај малолетен сопатник од возилото „пасат“ му биле констатирани тешки телесни повреди, а на Е.Р. и сопатникот О.Р. (19) од Скопје, како и на еден полициски службеник им биле констатирани телесни повреди. Увид извршила екипа на СВР Скопје. Известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе