Судир меѓу опел и мотоцикл во Штип, тешко повреден малолетник

Малолетникот-сопатник добил тешки повреди, а повреден е и мотоциклистот.

Фото: Пиксабеј

Во 23:30 часот синоќа во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Крушевска Република” во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел корса” со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С. (70) од Штип и мотоцикл „априлија” со штипски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Штип.

Во несреќата тешки телесни повреди добил малолетен сопатник од мотоциклот, а телесни повреди добил мотоциклистот, констатирани во Клиничката болница во Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Легенда под Главна слика

Фото: Пиксабеј

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе