Стружанец тешко повреден по напад од сограѓанин

Педесетгодишен стружанец се здобил со тешки телесни повреди по напад од негов сограѓанин во угостителски објект во Струга.

СВР Охрид соопшти дека вчера 30 минути по полноќ во угостителски објект лоциран на улицата „Ристо Крле“, нарушен е јавниот ред и мир.

„Р.Д.(50) од Струга, се здобил со телесни повреди што му биле констатирани во Општата болница. Тој, најнапред вербално, а потоа и физички бил нападнат од Б.Д.(50) од Струга, по што веднаш заминал од кафетеријата“, појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски

По целосно документирање на настанот, Полициската станица од Струга, против Б.Д. ќе поднесе соодветна пријава.

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе

Пранкот врз премиерот го откри „гангот" кој управува со државата.

повеќе