Стружанец пукал со пиштол на семејна веселба

Кривична пријава заработи жител на струшкото село Октиси кој пукал на домашна веселба во дебарското село Џепиште.

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност" Одделението за внатрешни работи од Дебар поднесе кривична пријава против Џ.И.(62) од струшкото село Октиси.

Тој, на 19 јули 2020 година во 16:50 часот, во дебарското село Џепиште, при семејна веселба пукал од пиштол, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи.

Расположениот стружанец во куќа сопственост на Е.Е. од селото Џепиште, испукал седум куршуми од пиштол „застава М-57" калибар 7.62 мм.

Според Димоски, Џ.И.пиштолот го поседувал со дозвола.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе