Стружанец осомничен за недозволено држење и тргување со оружје, доби кривична пријава

Регионалниот центар за гранични работи Запад поднесе кривична пријава против С.В.(41) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи".

На 06.09.2019 во село Мали Влај, соопшти денеска МВР,  извршиле преглед на патничко возило ,,мерцедес", управувано од Д.М.(37) од Струга, во кое сопатник бил пријавениот, при што пронашле и одзеле две ловечки пушки, 12 куршуми за ловечка пушка, пиштол ,,црвена застава" со една рамка и осум куршуми.

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе