За неовластена трговија со дрога

Струмичанец фатен со 10 грама хероин, заработи притвор и обвинение

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 43-годишен струмичанец, кој се товари за кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. 

Како што соопшти ЈОРМ, на 2 април, на наплатната рампа Миладиновци кај Скопје, обвинетиот се возел како сопатник во автомобил мерцедес, а кај себе неовластено за продажба држел 10,27 грама хероин.

Дрогата, спакувана во две полиетиленски пакувања, ја пронашле овластени службени лица, кои веднаш ја одзеле.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, ценејќи дека постои опасност од бегство и можност да го повтори делото, стои во соопштението.

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе