Гостиварско обвинителство

Сто дневни глоби казна за непочитување на полицискиот час

Обвинителството од Гостивар до судот поднесе предлог со по 100 дневни глоби да се казнат четири лица кои не ја почитувале забраната за движење за време на полицискиот час.

Во соопштението на Основното јавно обвинителство Гостивар се вели дека се поднесни предлози за издавање казнени налози за четири лица кои го сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик и дека од Судот побара да им изрече парични казни во висина од по 100 дневни глоби.

Обвинетите не ја почитувале забраната за движење на населението од 22:00 часот навечер до 5:00 часот наутро, односно не го почитувале полицискиот час, се вели во соопштението .

Според законот, од едно евро до 5.000 евра може да биде определена дневната глоба.

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе

Во Македонија моментално има стотици активни стечајни постапки, некои од нив се водат повеќе од 10, па дури 20 години.

повеќе