Стабилна е состојбата на седумтемина повредени во сообраќајката кај Дебар

Седумтемина повредени, од нив двајца потешко, во вчерашната сообраќајна несреќа, што се случи во Дебар се во стабилна здравствена состојба, потврди за МИА, Баки Алили, директор на општата болница со проширена дејност во Дебар.

Фото: Пиксабеј

Во сообраќајката беа повредени седум лица, двајца потешко, додека пет се со полесни повреди. Потешко повредени Ќ.К.(46) од Дебар и М.С.(21) од селото Новак, општина Центар Жупа, беа префрлени на понатамошен третман во специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо" во Охрид, додека другите пет лица се под опсервација во хируршкото одделение при нашата болница. Сите се во стабилна здравствена состојба, што ни го потврдија и колегите од Охрид, рече Алили.

Сообраќајната несреќа се случи вчера попладне на улица „Вељко Влаховиќ", на излезот од Дебар, на патот кон Струга, во близина на објектот на поранешната елекродистрибуција.

„Сообраќајната несреќа се случи помеѓу патничко моторно возило „Киа Соренто" со дебарски регистарски ознаки, управувано од Н.Ј.(43) од селото Праленик, општина Центар Жупа и патничко моторно возило „Форд Фокус" со дебарски регистарски ознаки, управувано од Ќ.К.(46) од Дебар. Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле Ќ.К. и М.С.од селото Новак, општина Центар Жупа-сопатничка во возилото „Киа Соренто", констатирани во Општата болница со проширена дејност во Дебар, информираше Стефан Димоски“, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Со телесни повреди се здобиле Н.Ј. и сопатниците З.Ј.(48) и С.Ј.(27) од село Праленик-општина Центар Жупа, како и две малолетни лица од Дебар на возраст од 14 години, сопатници во возилото „Форд Фокус".

Според Димоски, увид на местото на несреќата извршила екипа од полициската станица Дебар.

Легенда под Главна слика

Фото: Пиксабеј

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе