ОЈО бара притвор

Српски државјанин под истрага за кражба на Ренџ Ровер во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, државјанин на Република Србија, кое е осомничено дека се обидело да изврши кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот пред 5 дена на улицата „Орце Николов" во Скопје, заедно со уште едно засега непознато лице, со провалување се обиделе да одземат туѓ подвижен предмет – автомобил.

Осомниченото лице со употреба на подесен предмет (штрафцигер) го скршил задното десно стакло на паркирано патничко моторно возило Ренџ Ровер, сопственост на правно лице.

Потоа влегол во возилото и со електронски уред за декодирање и клуч за стартување се обидел да го стави возилото во погон. Во тој момент, од блискиот угостителски објект излегол сопственикот и го затекнал осомничениот во возилото, со што го спречил во намерата противправно да го присвои автомобилот вреден 6.241.800 денари. 

„Бидејќи постојат околности кои укажуваат дека осомничениот би можел да се даде во бегство, да го повтори кривичното дело или да влијае врз сведоците, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Јавниот обвинител ценеше дека притворот е единствена соодветна мерка за да се обезбеди присуство на осомничениот во текот на истражната постапка, особено со оглед на тоа што се работи за српски државјанин за кого постои информација дека е предмет на национална потерница на српските државни органи“, соопштуваат од ОЈО Скопје. 

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе