Несреќата се случила во атарот на село Романовце, а се работи за М.Д. (27) кој управувал со патничкото возило „фолксваген туарег" со српски национални ознаки, како и за неговиот сопатник Е.Ч. (23).
М.Д. изгубил контрола и излетал од патот, а тешки телесни повреди кај двајцата се констатирани во Општата болница Куманово.
Увид на местото извршила екипа на СВР Куманово.