Српската полиција уапси македонски државјанин со 6,5 килограми хероин

Припадници на Управата за криминалистичка полиција при српското Министерството за внатрешни работи во соработка со Царинската управа на Србија, запленија 6,5 килограми хероин, сокриени во автомобил марка „форд гиеста" управуван од 55-годишниот македонски државјанин А.З.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, полицијата ја открила дрогата при претрес на возилото во близина на местото Лапово. Хероинот бил поделен во 12 пакувања, сокриени во специјално изработени бункери во автомобилот.

Македонскиот државјанин е уапсен под сомнеж за сторено кривично дело „недозволено производство и трговија со опојни дроги“ и му е изречена мерка притвор во траење од 48 часа.

Со очекува тој да биде изведен пред Вишото јавно обвинителство во Крагуевац. 

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе