НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ-ВЕЛЕС

Српрски возач усмрти пешак

Вчеравечер во 22.45 часот на автопатот Скопје-Велес, кај место викано „Рајко Жинзифов" се случила сообраќајна незгода во која автомобил мерцедес ЦЛС 350, со српски регистарски ознаки, управуван од Д.К. (45) од Србија удрил во пешак Ј.Ј. (30) од кочанското село Грдовци.

Од здобиените повреди, пешакот починал веднаш на местото на настанот. Смртта била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош.

 Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција. Возилото било упатено на технички преглед, а од возачот била земена крв за анализа.

Еден проблем кај Трамп е тоа што му е опсесија да изгледа „силен".

повеќе

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе

„Москва се труди да протурка слика за себе како благонаклонет партнер и заштитник на сувереноста и на православното христијанство антитеза на Западот што 'цело време се меша таму кај што не му е местото'.

повеќе