Откако се полеал со бензин

Средовечен маж се самозапалил во центарот на Кочани

Мажот со сериозни изгореници бил пренесен во Скопје за укажување медицинска помош.

Маж на 40-годишна возраст се самозапали денеска околу пладне пред Трговскиот центар во Кочани, објави државната агенција МИА. Според очевидци, тој се полеал со бензин, по што извадил запалка и се запалил.

Минувачи веднаш реагирале и со противпожарни апарати од блиските дуќани се обиделе да му помогнат и да го изгаснат пламенот. Повикани биле и екипи на Противпожарната единица и на Брза помош, по што лицето биле пренесено во Кочанската болница, но поради сериозноста на повредите бил итно префрлен на клиниките во Скопје.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе