Србин и Турчин уапсени на скопскиот аеродром

Државјани на Србија и Турција биле приведени вчера на скопскиот аеродром во два одделни случаи.

Вчера попладне на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“ на влез во земјава, при вршење на пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција констатирано било дека Б.З.(24) од Р. Србија евидира со мерка „А” (апси).

Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.

Околу 21 часот пак, исто така на „Меѓународен аеродром – Скопје“, на влез во Македонија, по извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција констатирано било дека Р.С.(61) од Р. Турција евидира со мерка „Aпси“.

Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе