Спречен шверц на 55 килограми марихуана на албанско-македонската граница

Албанската полиција, спречи шверц на 55 килограми марихуана, која требало да биде прошверцувана на македонска територија. Дрогата била траспортирана со добиток преку зелениот граничен појас кај селото Рајце на албанско-македонската граница кај Струга.

Лицата А.Б.(47) и И.Б.(22), двајцата жители на селото Сутај, општина Прењас, беа уапсени синоќа во 21:30 часот при обид на шверц на 55 килограми мархуана.

Дрогата требало да ја прошверцуваат во Северна Република Македонија, стои во соопштението на Полицискиот комесаријат од Елбасан.

Се додава дека во соработка со македонските колеги се работи на идетификација и на други лица вмешани во шверцот.

Случајот е под надлежност на Обвинителството и Судот во Елбасан, а уапсените ќе одговараат за „недозволена трговија со наркотични средства".

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе