Ужас на патот Лесковац-Ниш

Спасувачките екипи се обидуваат да го кренат автобусот за да видат дали има уште загинати

Автобус со македонски регистерски таблички рано утрово излета од автопатот во близина на Лесковац при што загинаа три лица. Четири лица се тешко повредени, а уште најмалку триесетина се во болниците во Лесковац и Ниш.

Автобусот патувал за Виена. Неофицијално автобусот влегол во снежна бура по што излизгал и се превртел.

Екипи за спасување стигнале од Ниш и Лесковац. Пожарникарите и механизирани екипи се обидуваат да го кренат превртениот автобус за да водат дали под него има повредени или загинати лица.

Медицинските лица велат дека има патници и со сериозни скршеници на черепот и дека едвај биле извлечени со помош на пожарникари.

14 лица биле пуштени со лесни повреди, јави РТС.

Според првите неофицијални информации автобусот тргналод Штип или од Прилеп.

Фото: Телеграф.рс

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе

Денес, кандидати за политички функции се луѓето. Утре, тоа ќе го прават интелигентни машини. И, тие може и ќе победуваат, како што расте незадоволството на граѓаните од човечките политичари.

повеќе

Еден од начините на промовирање подобри меѓуетнички односи помеѓу децата е овозможување подолготраен контакт помеѓу нив што ќе овозможи создавање значајни индивидуални врски помеѓу децата.

повеќе