Според Спасовски, исклучително важно е и образовните институции да посветат големо внимание на образованието и воспитувањето во делот на сообраќајот, на јавната свест и градењето на сообраќајната култура.
„Ова е еден комплексен проблем што бара решение од сите, значи од градба на инфраструктурата преку превентивното делување, на крајот секако репресијата е таа која што е неизбежна за секој еден кој не ги почитува тие сообраќајни правила и прописи. Постојано, како што се зголемува бројот на реконструирана или ново изградена инфраструктура, огромниот број на контроли кои се поставени на патиштатa, зголемените превентивни активности, така се намалува и брoјот на жртви во сообраќајот“, изјави Спасовски.
Тој порача секој граѓанин максимално посветено да се однесува и да ги почитува сообраќајните правила и прописи.