Соседска расправија откри оружје и марихуана во куќа во Тетово

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера околу 18.00 часот во село Челопек, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.М.(24) од ова село, бидејќи при претрес во неговиот дом и помошни простории биле пронајдени и одземени автоматска пушка со куршум калибар 7,62 милиметри, неколку празни рамки и чанта со марихана.

Претходно, М.М. по меѓусебна расправија со неговиот сосед Н.Р.(47), со автоматска пушка испукал еден куршум во воздух.

Од полицијата информираат дека увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово, при што на лице место била пронајдена една чаура кал.7,62мм. Тој бил приведен и задржан во Полициска станица Тетово.

По целосното документирање на случајот на М.М. ќе му биде изготвен соодветен поднесок, со кој денеска ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово. 

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе