Првични сознанија од истрагата

Сопружниците во Табановце се убиени, мажот со огнено, жената со ладно оружје

Жената во Табановце починала од повреди здобиени од остар предмет, а нејзиниот сопруг имал прострелна рана од огнено оружје, соопшти МВР, откако утрово беше објавена веста дека во нивниот дом во селото Табановце биле пронајдени безживотните тела на сопружниците Б.С. (43) и Б.С. (36) на чии тела биле видливи повреди. Со обдукција на телата и со вештачење на траги и други материјални докази ќе се истражи случајот.

„Денеска во 8:20 часот во СВР Куманово било пријавено дека во семејната куќа во село Табановце, кумановско, биле пронајдени починати и со повреди Б.С.(43) и неговата сопруга Б.С.(36). По преземани мерки било констатирано дека Б.С. починала од здобиени повреди од остар предмет, додека нејзиниот сопруг имал прострелна рана од огнено оружје“, се наведува во соопштението на МВР.

Претходно, обвинителството, а сега и МВР потврдија дека по извршениот увид, телата по наредба на обвинителот се предадени на обдукција.

„Со цел, утврдување на причините за смртта на двајцата сопружници јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телата на починатите, како и наредба за вештачење на пронајдените траги и материјални докази на лице место“, се наведува во соопштението на државното Јавно обвинителство.

СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот.

Инаку, слоред неофицијални информации безживотните тела ги затекнал нивниот син, а полицијата засега нема лица кои би можеле да дадат какви било информации дали можеби некој влегол во куќата или не.

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе