Сопружници од Дебар си го принудувале детето да питачи во Струга

Сопружници од Дебар добија кривична пријава за „трговија со дете” бидејќи си го принудивале детето да питачи во Струга, информира МВР. 

„Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги - Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Р.Н. (25) и М.Н (29) и двајцата од Дебар, инаку сопруг и сопруга, за сторено кривично дело трговија со дете предвидено и казниво по член 418-г став 2 од Кривичен законик на Р.С.Македонија. Според пријавеното, малолетното дето било изложено на питачење и физичко насилство”, пишува во соопштението од МВР. 

Во текот на денот пријавените ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.

 

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе