Сопружници од Дебар измамиле повозрасна жена и подигнувале кредити на нејзино име

Кривична пријава против А.Ц.(39) и Ќ.Ц.(46), двајцата од Дебар, поднесе ОВР Дебар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама" и „злоупотреба на лични податоци".

Пријавените сопружници, во периодот од 2010 до 2022 година, свесно и со умисла, во неколку наврати довеле во заблуда повозрасна жителка од Дебар која, од една банка и 2 финансиски друштва, подигнала кредити и како заем им ги дала на пријавените кои и ветиле дека парите ќе и ги враќале на рати.

Пријавените, исто така, ги злоупотребиле личните податоци од личната карта на оштетената и од нејзината е-маил адреса до едно финансиско друштво поднеле онлајн апликација за добивање брз кредит, по што парите ги подигнале од нејзината трансакциска сметка. Со тоа, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 777.000 денари.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе