Пријава за проституција

Сопругот ја принудувал на сексуални односи со негов другар

Гостиварка го пријавила сопругот во полиција дека ја принудувал на проституција, по што две лица се лишени од слобода.

Според СВР Тетово, дваесетгодишна гостиварка вчера, во 21 часот и 50 минути, пријавила дека најзиниот 21-годишен сопруг ѝ се заканувал и во неколку наврати ја присилувал на сексуални односи со негов другар.

Според пријавеното, кој му плаќал и одреден паричен надоместок на сопругот.

Двајцата, сопругот и 19-годишникот од Гостивар, поради сомнение за инволвираност во случајот, лишени се од слобода и задржани во Полициската станица Гостивар.

Од СВР Тетово информираат дека се работи на расчистување на случајот.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе