Во Гостиварско поднесени се шест кривични пријави

Сопругите најчести жртви на семејно насилство

Недоразбирањата во семејството низ гостиварско прераснуваат во насилство и неретко со телесни повреди. Појавата е забележителна изминативе три месеци, а полицијата реагирала во 30 случаи. Најчести жртви во семејното насилство се сопруги.

Во серијата на физички пресметки поттикнати од лошите семејни односи е и последната во гостиварско Здуње. Синоќа, 33-годишна жена во полиција ги пријавила М.Б.(57) свекор и Е.Б. (36) сопруг дека во семејниот дом била физички нападната. По пријавата и двајцата мажи се лишени од слобода, по што најверојатно се соочат со кривична пријава.

Во хрониката на СВР Тетово во изминатите два и пол месеци, април, мај заклучно со првата половина на јуни, евидентирани се 6 кривични пријави за семејно насилство. Тие се напишани против исто толку сторители од поширокото гостиварско подрачје. Сторителите ќе се гонат, зашто сториле кривични дела со нанесување на телесни повреди или загрозување на сигурноста.

Освен овие подрастични случаи, во Одделението за внатрешни работи Гостивар биле регистрирани и 24 поплаки, исто така, за семејно насилство. За овие лица не е побаран кривичен прогон, туку само предупредување на сторителите.

„Најголем број од „жртвите" на ваквиот вид насилство во периодот за кој станува збор се женски лица, односно сопруги, невенчани или поранешни сопруги, како и лица со кои „насилниците" подолго време биле во љубовни врски“, изјави за МИА Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово

При расветлувањето на настаните, според него, како најчести причини за насилството биле разно-разни пороци (наркоманија, алкохолизам, коцкање и слично) и душевни растројства. Причини насилството се и меѓусебни недоразбирања околу финансии, грижа за деца или за однесување на еден од партнерите.

Од СВР Тетово укажуваат на зголемен број на пријави, но нема податок дали и вистинскиот број на насилства во семејство е зголемено. Од социјалните служби посочуваат дека во нашето општеството владее своевиден традиционализам и култура на премолчување. Во поново време, „жртвите“ се решаваат да ја прекинат тортурата и да ги пријавуваат нападите.

„Споредено со минатите години, лани и годинава се зголемува бројот на лицата кои го пријавуваат ваквиот вид насилство. Тоа не беше случај порано, кога тоа обично остануваше меѓу четири sида, најмногу поради стари предрасуди, стигма и слично“, потенцира Јосифоски.

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе