Во штипската Клиничка болница

Сопруг на пациентка се закнувал на медицинска сестра

Во штипската Клиничка болница вчера медицинска сестра добила закани од сопруг на пациентка. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека случајот кај нив е пријавен од страна на болницата.

„Поради недоразбирање за закажан термин, сопруг на пациентката Е.М. се однесувал агресивно и упатувал закани кон медицинска сестра која била на работното место. По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава“, вели Панајотова.

Таа информира дека вчера на работно место бил пријавен и пекар кој се здобил со повреди на работа во Свети Николе. Станува збор за 53 -годишниот М.Т, кој веднаш бил пренесен во штипската Клиничка болница, а увид во пекарата извршила екипа на Полициска станица од Свети Николе.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе