Контроли на МВР

Сообраќајната полиција вчера казни 48 возачи за брзо возење

Патник во автобус се здобил со тешки телесни повреди во една од вкупно 14 сообраќајки во текот на вчерашниот ден, а во осум со полесни повреди се здобиле 12 лица. Во пет била причинета само материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 48 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, пет возачи го управувале возилото под дејство на алкохол, 16 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, тројца почетници, пет возачи поминале на крстосница на црвено светло, еден возач не дал првенство на минување на обележан пешачки премин, еден возач за неправилно престројување, шест возачи за неправилно престигнување, 17 возачи за не носење заштитен шлем, шест возачи за не користење сигурносен појас и тројца возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Санкционирани се и двајца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин.
Од сообраќај биле исклучени 15 нерегистрирани возила.

Затекнати биле 74 возила непрописно паркирани, а со помош на специјалното возило „пајак", отстранети биле 69 возила.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе