„Во периодот од 13 до 19 јуни спроведена е засилена акциска контрола на територијата на земјава за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 293 возачи. Од нив, 163 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 69 возеле без возачка дозвола, четири мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи“, соопшти МВР.
- Македонија
- Спорт
- Свет
- Забава
- Култура
- Кујна
- Фото
- 73НОВИ / 24h
- 1 од 13
- следно ›
- Контакт