Во Скопје

Сообраќајната полиција казни и 10 возачи почетници

За време на вчерашните сообраќајни контроли низ Скопје, казнети се вкупно 180 возачи, меѓу кои десет возачи - почетници, како и 20 лица кои немале возачка дозвола. 

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден, за рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, на територијата на град Скопје изречени се вкупно 180 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, шест прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли, 10 санкции за возачи - почетници, 20 санкции за управување без возачка дозвола.

„Исто така, изречени се девет санкции за возење под дејство на алкохол, девет санкции за управување на технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за некористење сигурносен појас, девет за непрописно престигнување и обиколување, две за минување на затворен сигнал (црвено светло), 52 санкции за непрописно паркирање“, велат од МВР и нагласуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе