За време на котролите во Скопје

Сообраќајната полиција казни 33 лица за неносење заштитна маска

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден, за време на сообраќајните контроли на територијата на Скопје, казнети се 33 лица кои во возилата немале заштитни маски на лицето.

Сообраќајната полиција изрече вкупно 281 казнени мерки за прекршоци, меѓу кои 33 за возење без возачка дозвола, 16 за технички неисправни и нерегистрирани возила и девет санкции за управување под дејство на алкохол.

Изречени се 52 мерки за непрописно паркирање и подигнати се 33 возила со специјално возило пајак.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе