Сообраќајна незгода меѓу патничко возило „сузуки балено" и комби возило „фолксваген" се случи утринава на булеварот „АСНОМ" кај хотелот „Хилтон" во Аеродром.
Интервенираше и Противпожарната единица.
Од Министерството за внатрешни работи засега нема информации за повредени лица, но очевидци велат дека две лица со возила на Брза помош се пренесени во болница.
На местото на несреќата увид врши екипа на Министерството за внатрешни работи. Оттаму повеќе детали најавуваат за подоцна.