Сообраќајки со мотори во Свети Николе, Куманово, Скопје, Гевгелија

Во текот на вчерашниот ден во МВР се пријавени неколку сообраќајни незгоди во кои учествувале и моторцикли, при што неколку лице се потешко повредени.

Вчера во 13.30 часот било пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во Свети Николе се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „баотиан“ со штипски регистарски ознаки, управуван од С.П.(55) од с.Пеширово, светиниколско и патничко возило „фолксваген бора“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(49) од Свети Николе. Во незгодата со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип, се здобил возачот на мопедот.

Исто така вчера, во 18.10 часот на крстосница од бул.„Октомвриска Револуција“ и улиците „Ѓорче Петров“ и „Иво Лола Рибар“ во Куманово се случила сообракајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.М.(23) од Куманово и мотоцикл „јамаха ЗР 750“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од С.С.(28) од Куманово. Во незгодата С.С. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата во Куманово.

Во Скопје, пак, на крстосница од ул.„Никола Тесла“ и ул.„Бранислав Нушиќ“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „цитроен кактус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(25) од с.Јурумлери, скопско, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Џ.Ф.А.(39) од Скопје и паркиран мопед „пежо“ со скопски регистарски ознаки, паркиран од Б.П.(28) од од Скопје, кој во тоа време стоел до мопедот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Б.П., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

На регионалниот пат Гевгелија-с.Негорци вчера се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „Томос“ без регистарски ознаки, управуван од К.М.(78) од Гевгелија и патничко возило „опел астра“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од К.З.(61) од Гевгелија. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил К.М. и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

 

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе