Сообраќајка кај Крива Паланка, едно лице почина, две се потешко повредени

Едно лице почина, а две добија тешки телесни повреди во сообраќајната несреќа што се случи попладнево, околу 15 часот на магистралниот пат А2, Куманово – Крива Паланка – граничен премин Деве Баир.

Според информациите од портпаролката на Секторот за внатрешни работи Куманово, Живкица Чавдаревиќ, во сообраќајната несреќа учествувале патничко и товарно моторно возило.

„Несреќата се случила кај месноста Пашина Воденицa, во атарот на селото Кркља, општина Крива Паланка, на делот од магистралниот пат од Крива Паланка кон Деве Баир. Во неа учествувале тешко товарно возило марка мерцедес и патничко моторно возило опел корса, при што едно лице го загубило животот, а две се тешко повредени“, рече Чавдаревиќ.

До незгодата дошло кога возачот на патничкото возило, кој се движел од граничниот премин Деве Баир кон Крива Паланка, удрил во товарното возило што се движело во спротивниот правец.

Возачот на патничкото моторно возило починал во здравствениот дом „Димитар Арсов“ во Крива Паланка, а сопатникот добил тешки телесни повреди и е пренесен во ургентниот центар во Скопје. Тешки телесни повреди добил и сопатникот во товарното моторно возило.

Увид извршила екипа на Полициската станица од општа надлежност Крива Паланка. Детали за несреќата од СВР Куманово најавија за утре.

Поради сообраќајната несреќа сообраќајот на магистралниот пат А2 Крива Паланка- граничен премин Деве Баир беше во прекин од 15 часот до 18 часот и 40 минути.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе