Несреќата се случила помеѓу патничко моторно возило „опел корса“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од М.К.(44) од село Јосифово, валандовско и патничко моторно возило „опел инсигниа“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(27) од село Брајковци, валандовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.К., констатирани во Медицински центар Гевгелија.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.