Сообраќајка во скопско Драчево, четворица повредени

Четири лица, од кои едно потешко, се повредени во сообраќајка што се случила вчера попладне на ул.„Јустинијан Први“, соопшти МВР.

Во сообраќајката учествувале патничко моторно возило „опел вектра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Т.(52) од Скопје и патничко моторно возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И.(40) од  Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Р.Т., а со телесни повреди се здобиле А.И. и уште двајца малолетни сопатници од истото возило, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
 

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе