Сообраќајка во Скопје, тешко повредени две девојки

Во СВР Скопје вчера било пријавено дека на крстосницата од булеварот „Александар Македонски“ и улиците „Интернационални бригади“ и „16. Македонска бригада“ се случила сообраќајна незгода меѓу товарно возило „мерцедес бенз“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Н. (67) од селото Теранци, кочанско и патничко возило „даихатсу сирион“ управувано од Т.Д. (77) од Скопје.

Како што соопштија од МВР, во незгодата тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, добиле сопатничките од патничкото возило, Ј.Д. (27) од Кавадарци и М.Д. (27) од Куманово.

Телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, добил и возачот Т.Д. и сопатничката од патничкото возило С.Т. (27) од Кавадарци.

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе

Во Македонија моментално има стотици активни стечајни постапки, некои од нив се водат повеќе од 10, па дури 20 години.

повеќе