Сообраќајка во Скопје, повредени неколку лица

Денес во 01:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Борис Трајковски" се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „БМВ 320 ЦИ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.П.(38) од Скопје, и патничко моторно возило „фолксфаген пасат" со скопски регистарски ознаки (такси возило), управувано од Г.П.(48) од Скопје, соопштуваат од МВР.

Во незгодата со повреди се здобиле возачот Г.П. и патниците од истото возило Д.А.(18) и уште едно лице на возраст од 14 години кои со возило  на Итна медицинска помош биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Возачот Ј.П. се здобил со повреди констатирани од страна на лекар од Градската општа болница “8-ми Септември“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе